Close Menu
Press24
    Најново

    Жена ограбена на автобуска во Скопје

    05.03.2026 во 08:18

    Бомба најдена во двор во Македонија

    05.03.2026 во 08:16

    Хоџа на увид на инфраструктурни проекти во Струга

    05.03.2026 во 08:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена ограбена на автобуска во Скопје
    • Бомба најдена во двор во Македонија
    • Хоџа на увид на инфраструктурни проекти во Струга
    • Придружниот вокал на „ДНК” раскажа за хоророт – Со сослушување сведоци продолжува судењето за „Пулс”
    • Денеска ќе се знае предлогот за нов член на Судскиот совет
    • Премиерот Мицкоски во работна посета на Штип
    • Внимателно на патиштата – АМСМ информира за состојбата
    • Топло ама со дожд и грмежи – Ќе се врати ли сонцето за викендот?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Тирана: Билатералните спорови не смеат да одлучуваат за членството во ЕУ, клучна е испораката на реформи

    Мицкоски од Тирана: Билатералните спорови не смеат да одлучуваат за членството во ЕУ, клучна е испораката на реформи

    21.11.2025 во 14:323 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Не гледам повеќе суштина ако билатералните проблеми и билатералните спорови се тие кои што одлучуваат дали земјите треба да станат полноправни членки во рамките на ЕУ. За мене суштината која што ја гледам е испораката, реформите, чекорите кои што ги исполнуваат. И се додека тоа е врз системот на испорака, тогаш апсолутно ние како држава ќе бидеме компетитивни и убеден сум дека ние ќе бидеме тие кои што први ќе стигнат до конечната цел, изјави денеска во Тирана премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

    – Доволно долго сме во овој процес повеќе од 25 години, 20 години откако сме земја кандидат и навистина тоа што ние го доживеавме попатно не би сакал никој друг да го доживее. Но, очигледно е дека кога еднаш ќе воспоставите некој исклучок како правило тоа станува правило и понатаму и другите земји членки можат да се повикаат на тој исклучок кој што претходно е воспоставен и да прерасне како правило. Така што навистина не гледам повеќе суштина ако билатералните проблеми и билатералните спорови се тие кои што одлучуваат дали земјите треба да станат полноправни членки во рамките на ЕУ. За мене суштината која што ја гледам е испораката, реформите, чекорите кои што ги исполнуваат. И се додека тоа е врз системот на испорака, тогаш апсолутно ние како држава ќе бидеме компетитивни и убеден сум дека ние ќе бидеме тие кои што први ќе стигнат до конечната цел, рече Мицкоски, кој денеска учествува на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана.

    Прашан дали има омекнување во ставовите на европјаните, премиерот со одговор дека зависи во кој дел и дека тој е повеќе концентриран на чекорите кои се дел од развојната агенда, односно развојниот план.

    – Оние чекори кои што останаа во грејс период, а кои што претходно не беа испорачани, поради паузата за Локалните избори, ние веднаш после завршувањето на Локалните избори се фативме за работа и жестока испорака и до крајот на годината очекувам најмалку осум, а можеби и 10 од 12 неисполнети чекори, да бидат реализирани, рече Мицкоски.

    Според него, остануваат два проблематични чекори. – Првиот е субвенцијата за електричната енергија која што Владата преку своите механизми ја овозможува за граѓаните, бидејќи цениме дека доколку тоа не се случи, сметките за електрична енергија на граѓаните ќе се поскапат за најмалку 35, 40 проценти. И тој чекор рековме не можеме да го исполниме и нема да го исполниме во овој момент. И вториот е адаптацијата на Изборниот законик. Знаете таму какви политички гимнастики се случуваат во Парламентот и тој е еден од оние закони во кои што пратениците можат да прават филибастеринг во рамките на Парламентот. Така што се останато, останатите 10 за нас се реалност и мислам дека ќе успееме во рамките на крајот на оваа година или евентуално во првите две недели од следната година да го испорачаме тоа, рече премиерот Мицкоски. 

    Популарно

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 13 часот

    04.03.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.