Министерот кажа која е денешната агенда за посета овде во Струмица, ќе посетиме неколку места коишто се значајни за струмичани, но истовремено да испратиме јасна порака дека после 19ти Октомври овде во Струмица ќе имаме нов градоначалник којшто доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, рече во своето обраќање од Струмица претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Ќе имаме мнозинство во Советот којшто ќе го сочинуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Имаме прилично амбициозна агенда за денот потоа да сè се направи проект повеќе, да се реализира проект повеќе, сето она што до сега беше ветувано, а нереализирано или заборавено да го реализираме. Како Влада продолжуваме да ги поддржуваме општините, се сеќавате Струмица во првиот повик од Министерството за локална самоуправа не поднесе тогаш проект, односно поднесе еден проект којшто не ги исполнуваше условите. Додека пак сега во вториот повик поднесе неколку проекти, улици генерално за асфалтирање и реконструкција и сите тие проекти беа одобрени од страна на Владата и ќе ги финансираме во периодот којшто следи. Како Влада сакаме да пратиме порака дека ние сме Влада на цела Македонија, на сите општини. Аргумент плус е и што веќе од 19ти Октомври ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе можат на струмичани да им понудат проект повеќе, сето она коешто претходно како што кажав било заборавено, истакна Мицкоски. Така што, еве продолжуваме да работиме, да испорачуваме, тоа е она што кое како Влада го дадовме како ветување пред граѓаните и тоа сакаме да го реализираме, додаде Мицкоски
Актуелно
- Захарова: Условите на ЕУ за мир во Украина се апсурдни
- Истражување: Седата коса е природна заштита против меланом
- Лумир Абдиџику ќе биде кандидат за премиер на ДСК на предвремените избори во Косово
- Мерц: Русија мора да се врати на преговарачката маса
- Бериша: Имаме поддршка од целиот свет, Албанија е ограбена повеќе од која било нација
- Директорот на БЈБ Јанев на Генерално Собрание на Интерпол во Мароко
- Вредноста на имотот на Трамп се намали за милијарда долари
- Седум тетовски села и дел од Тетово утре ќе бидат без струја


