Министерот за транспорт, Александар Николоски, преку официјално обраќање до јавноста упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.
Во својата порака, Николоски го потенцираше историското значење на солунските браќа и нивниот завет за македонскиот народ во современиот контекст.
„Се поклонуваме со почит и благодарност и потсетуваме на нивното дело кое не обврзува да го чуваме македонскиот јазик, култура и идентитет.“
Тој исто така посочи дека вистинскиот начин на кој државата треба да го слави ова историско наследство е преку континуирана поддршка на образовниот систем и образовниот развој на новите генерации.
„Св. Кирил и Методиј оставија неизбришлива трага во историјата, а ние продолжуваме со нивната мисија да вложуваме во образованието и младите генерации како двигатели на идниот развој на Македонија. Честит 24 Мај!“


