Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Силен земјотрес ја погоди Италија
    • Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години
    • ФОТО: Се запали куќа во Козле
    • Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување
    • „Сакам….“ Ведрана собра 17.000 евра откако дозна за тешка дијагноза: Вака сакаше да умре
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС создава паника и дезинформации наместо да води одговорна политика
    • ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на „Ќемал Сејфула“, Општина Чаир и Обвинителството да реагираат
    • Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Собранието: Владата не е место за комфор туку за резултати, функциите се за служење на народот

    Мицкоски од Собранието: Владата не е место за комфор туку за резултати, функциите се за служење на народот

    13.07.2026 во 12:113 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин/Собрание/YOUTUBE
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое се служи на народот, порача премиерот Христијан Мицкоски, денеска на 112. седница на Собранието на која треба да бидат разрешени и избрани членови на Владата.

    Осврнувајќи се на предлогот за реконструкција, тој нагласи дека сите досегашни министри се чесни луѓе кои дале свој придонес, но дека принципот на одговорност мора да важи за сите.

    „Од првиот ден која ја преземавме одговорноста кажав дека оваа Влада нема да биде Влада на комфор туку Влада на резултати. Нема да биде Влада во која функциите ќе се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува. Тоа не беше политички слоган, тоа беше принцип. Денес покажуваме дека тој принцип важи подеднакво за сите.“

    Премиерот упати поединечна благодарност до министрите кои си заминуваат, издвојувајќи ги постигнатите резултати во културата и земјоделството.

    „На Зоран Љутков сакам искрено да му се заблагодарам за работата што ја направи во Министерството за култура. Кога ја преземе функцијата, ресорот беше оптоварен со наследени долгови… Денес состојбата е суштински поинаква. Буџетот за култура е зголемен од 768 милиони денари во 2023-та, на повеќе од 1 милијарда и 70 милиони денари во 2026-та година.“

    „Од јули 2024-та до денес се исплатени повеќе од 15 милијарди денари директна финансиска поддршка. Ставивме крај на праксата земјоделците со месеци, па и повеќе од година дена да чекаат, од сектор што бележеше просечен пад од 4,4% денеска повторно зборуваме за раст. Но најважно е што владата повторно станува партнер на земјоделецот. Тоа беше таа системска промена“, наведе Мицкоски за ресорот на Цветан Трипуновски.

    Тој им се заблагодари и на Игор Филков за подготвените 33 реформски закони во правдата, на Азир Алиу за менаџирањето со сложениот здравствен систем, како и на Фатмир Лимани за неговата посветеност во социјалната политика. Во своето обраќање, Мицкоски упати и остри критики до опозицијата за состојбите што ги наследил во институциите.

    „Разликата меѓу нас и вас е едноставна. Вие ја потрошивте довербах што ја добивте. Ние секој ден работиме повторно да ја заслужиме довербата на граѓаните. И токму затоа денес граѓаните нека судат според нашите дела, а не според зборовите. Ова не е избор само помеѓу две политички партии. Ова е избор помеѓу две визии за Македонија.“

    Кадровски прецизирања на реконструкцијата:

    • Правда: Се разрешува Игор Филков (ЗНАМ), а на негово место се избира Јетон Шасивари („Вреди“).
    • Локална самоуправа и Односи меѓу заедниците: Иван Стоилковиќ оди во Локална самоуправа на местото на Златко Перински (кој презема директорска функција во ФЗО), додека за нов министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати („Вреди“).
    • Здравство: Сашо Клековски (ВМРО-ДПМНЕ) доаѓа на местото на Азир Алиу.
    • Земјоделство: Се разрешува Цветан Трипуновски, а нов министер ќе биде Борче Серафимовски (ЗНАМ).
    • Социјална политика, демографија и млади: На местото на Фатмир Лимани доаѓа Ѓоко Велковски (ВМРО-ДПМНЕ).
    • Култура и туризам: Се разрешува Зоран Љутков, а нов предлог е Седат Сулејмани („Вреди“).
    • Министер без ресор: На местото на Шабан Салиу е предложен Ерџан Демир (ВМРО-ДПМНЕ).

    Во согласност со Деловникот за работа на Собранието, по предлогот за разрешување член на Владата, се отвора претрес, кој трае најмногу два дена. Новите министри се избираат со мнозинство од вкупниот број пратеници.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Се запали куќа во Козле

    18.08.2026 во 10:24

    Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување

    18.08.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.