Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА

    24.03.2026 во 12:41

    Манасиевски: Башановиќ и Шчекиќ го тонат СДС – Филипче со молкот ја потврдува соработката со српските стратези

    24.03.2026 во 12:28

    Циклон ја зафаќа Македонија: Подгответе се за обилни врнежи од дожд и снег

    24.03.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА
    • Манасиевски: Башановиќ и Шчекиќ го тонат СДС – Филипче со молкот ја потврдува соработката со српските стратези
    • Циклон ја зафаќа Македонија: Подгответе се за обилни врнежи од дожд и снег
    • Битиќи: Намалувањето на ДДВ за горивата е само лепење фластер на рана
    • ЕВН најави исклучување: Жителите на една општина ќе немаат струја до 12:30 часот
    • Филипче бара итни решенија: Са се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0% и да се намалат патарините
    • (ВИДЕО) Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни – обезбеден дополнителен попуст за дизел
    • ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА

    Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА

    24.03.2026 во 12:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали е договорено намалување на цената на горивата со ОКТА, изјави:

    „Да во текот на вчерашниот ден, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство имаше разговор до генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште еден денар. Така што денеска ќе имаме, од денеска практично 3 денари попуст на сите оние бензински станици коишто се комитенти на ОКТА. Така што од овие цени коишто се максимални, коишто ги утврди вчера Регулаторната комисија за енергетика, имаме 3 денари попуст, со што ќе дојдеме до заклучок дека ги имаме апсолутно најниските горива во Европа во овој момент, цени на горива.“

    На прашањето дали се размислува Македонија да го ограничи купувањето на горивата со оглед на најавите на земји од регионот дека ќе ограничуваат купување на горива, а забележано е и дека граѓани од државите од околната купуваат гориво од кај нас, премиерот Мицкоски рече:

    „Во овој момент состојбата е следна. Имаме апсолутно доволно количини за потребите на граѓаните, зголемен е конзумот во одредени погранични области, со Албанија, на север со Косово и Србија и на југ со Грција. Отприлика зголемен е вкупниот конзум за 10%, бидејќи голем дел од граѓаните од овие земји доаѓаат кај нас и точат гориво на бензинските пумпи кај нас, поради тоа што цената на горивата кај нас е во некои случаи и до половина евроценти по литар, поевтина од таа кај нив. За разлика од минатото кога, како земја коленичевме и молевме за помош, сега сме ние тие коишто генерираат стабилност и даваат помош. Сакам да кажам дека и нафтоводот е во целосна функција, односно цевката е полна, којашто претставува дополнителна сигурност, складовите се полни согласно закон, државните резерви се околу шеесетина дена, така што во овој момент, апсолутно нема никаква потреба од таква мерка. И не само со дизел горивата и со бензините безоловни со 95 и 98 октани, информиран сум дека и дел од околните аеродроми се снабдуваат со керозин од ОКТА, односно од кај нас. Така што од земја којашто, ќе повторам коленичеше и молеше, стануваме земја којашто генерира стабилност во регионот, се разбира предизвици има и ќе има. И тие предизвици ние ќе ги решаваме. Но она коешто е најважно и ни е приоритет, а тоа е дека како држава имаме најниска цена за горивата за нашите граѓани и најниска цена за горивата за бизнисот.

    Популарно

    Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА

    24.03.2026 во 12:41

    Манасиевски: Башановиќ и Шчекиќ го тонат СДС – Филипче со молкот ја потврдува соработката со српските стратези

    24.03.2026 во 12:28

    Циклон ја зафаќа Македонија: Подгответе се за обилни врнежи од дожд и снег

    24.03.2026 во 12:20

    Битиќи: Намалувањето на ДДВ за горивата е само лепење фластер на рана

    24.03.2026 во 12:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.