Close Menu
Press24
    Најново

    МВР спречи трагедија: Полицијата спаси малолетник кој објавил загрижувачка објава на социјалните мрежи

    01.03.2026 во 18:28

    Трагедија: Млад Македонец загина на работното место во Швајцарија

    01.03.2026 во 18:21

    Би-Би-Си: Иранците тврдат дека испалиле четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“

    01.03.2026 во 15:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР спречи трагедија: Полицијата спаси малолетник кој објавил загрижувачка објава на социјалните мрежи
    • Трагедија: Млад Македонец загина на работното место во Швајцарија
    • Би-Би-Си: Иранците тврдат дека испалиле четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“
    • Николоски: Со модернизација на ГП Деве Баир и новата обиколница целосно го развиваме источното крило на Коридор 8
    • Еве што ќе се случи со производството на нафта по нападот врз Иран
    • Владата со препораки до македонските државјани: Следете ги упатствата и контактирајте ги амбасадите
    • (ФОТО) Реконструирана обиколницата во Крива Паланка – Мицкоски верува дека инвестициите ќе ги вратат иселените дома
    • (ВИДЕО) Погледнете како изгледа небото на Блискиот Исток
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Давос: Македонија станува енергетски хаб за вештачка интелигенција – градиме моќни гасни интерконектори

    Мицкоски од Давос: Македонија станува енергетски хаб за вештачка интелигенција – градиме моќни гасни интерконектори

    23.01.2026 во 12:50Updated:23.01.2026 во 12:543 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава со Србија“, објасни претседателот на Владата на Република Северна Македонија на прашања поставени на панелот во Давос кои се однесуваа на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.
     
    „Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци, ви е потребно одржливо  би рекол, снабдување со електрична енергија. Значи некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија.
     
    Што значи ова? Ќе го зголемуваме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно. Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик“, рече Мицкоски во Давос.
     
    Во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти информираше премиерот не се важни само за Македонија туку и за регионот.
     
    „Сега развиваме три големи проект во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но не само за нас, туку и за регионот во целост.
     
    Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регионот е познат како Тиквешки регион.
     
    Практично сме фокусирани на енергијата, а во исто време имаме и други приоритети. Но веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборувате за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие  можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција“, подвлече премиерот на панел дискусијата во Давос.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Од денеска крај за СМС-кодовите при онлајн плаќање, стапуваат во сила нови сигурносни правила

    01.03.2026 во 10:39

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.