Close Menu
    Најново

    Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“

    18.01.2026 во 15:04

    Мицкоски: „Безбеден град“ веќе спасува животи – бројот на прекршоци драстично опадна

    18.01.2026 во 15:01

    Битола: Внук крвнички ја претепал баба си: Жената со тешки повреди итно пренесена во болница

    18.01.2026 во 14:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“
    • Мицкоски: „Безбеден град“ веќе спасува животи – бројот на прекршоци драстично опадна
    • Битола: Внук крвнички ја претепал баба си: Жената со тешки повреди итно пренесена во болница
    • Србија: Часовите да траат 30 минути поради падот на концентрацијата кај децата
    • Инцидент во Карпош: Со возило намерно удрил во сограѓанин по претходна расправија
    • Дрога во затворската перална: Марихуана пронајдена во облека на осуденик во „Идризово“
    • За половина час ограбени две финансиски друштва во Скопје
    • Пожар во фарма кај Градско: Осум лица побарале лекарска помош, угинале шест животни
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“

    Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“

    18.01.2026 во 15:04
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Системот „Безбеден град“ е пред официјално пуштање во функција, а премиерот Христијан Мицкоски најавува дека ефектите од досегашната примена на камерите веќе го менуваат однесувањето на возачите. Прашан за поддршката од опозицијата и законските измени, премиерот истакна дека клучен е хуманиот аспект.

    „Јас вчера имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето кои се одговорни за овој проект. Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември“, истакна Мицкоски, додавајќи дека бројот на дневни прекршоци е намален од сто илјади на само неколку илјади.

    И покрај најавите за старт на 1 февруари, останува неизвесноста околу поддршката на дел од опозицијата. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претходно побара гаранции преку амандмани за да ги поддржи измените на Законот за прекршоци. Мицкоски, пак, вели дека е логично да има усогласувања во првите три до шест месеци.

    „Никој веднаш кога го имплементирал овој проект не бил перфектен 100 отсто. Логично е во следните три до шест месеци да имаме одредени усогласувања. Но, исто така, она што, ќе повторам, мене ме прави среќен е што хуманиот аспект од овој проект ние го постигнавме, а тоа е помалку жртви како резултат на сообраќајни незгоди“, порача премиерот.

    Проектот има за цел целосна автоматизација на казнувањето за сообраќајни прекршоци, со што се очекува значително зголемување на дисциплината на патиштата во главниот град.

    Популарно

    Македонец падна на измамата со СМС пораките од „Пошта“: Му ја испразниле сметката со 90.000 денари

    17.01.2026 во 13:17

    Филмски грабеж во струшко: Маскирани и вооружени лица ограбиле обложувалница

    17.01.2026 во 13:09

    УЈП за случајот со 11-те вработени: Нема компромис за корупција, доставена е целата документација до Обвинителството

    17.01.2026 во 13:07

    Гори трговски центар, пеплосани неколку продавници – има загинати

    18.01.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.