Мицкоски: Очекуваме економски раст од 3,7% следната година

 


На владината седница помина буџетот. Би требало деновиве да се најде и пред пратениците, рече премиерот Христијан Мицскоски.

Очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст следната година, нагласи премиерот.

„Очекувам во третиот квартал да се движиме меѓу 2,5 и 3 проценти, очекувам во четвртиот квартал меѓу 3 и 3,5 проценти, а не би се изненадил ако првиот квартал до година ако биде се’ како што го проектираме и со инвестициите на компаниите и со инвестициите на државата да дојдеме и до четворка и не би се изненадил ако следната година биде 3,7 и повеќе, бидејќи такви се индикаторите со коишто сега во моментот располагаме. Има уште некои работи коишто треба да отпочнат со функционирање, некои фабрики коишто се уште не се отпочнати а очекувам во периодот којшто следи да отпочнат. Така што, проекцијата за следната година е на 3,7, но не би се изненадил ако тоа биде и повеќе“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека капиталните инвестиции се некаде на ниво на 50 милијарди, од кои 32 милијарди се од буџетот, а останатите 18 милијарди се од оние тековни програми, но и нови коишто ќе следат.

„Буџетскиот дефицит е околу 42-42 милијарди, така што имајќи ги предвид сите теренски активности коишто се забрзани и очекувам конечно силен коминтмен од Бугарија за Коридорот 8 пругата да биде јасен во јавноста и тука да почнат да се движат работите, така што не би се изненадил да ја видиме и четворката следната година“, нагласи премиерот.

30.10.2024 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега