Означен е почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Градежните работи кои, како што беше најавено, ќе му дадат целосно нов лик на аеродромот, е предвидено да завршат до крајот на мај. Проектот ќе обезбеди 4 500 метри квадратни функционален простор, поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на персоналот, полицијата и царинската управа.
Премиерот Христијан Мицкоски го квалификува овој момент како исторски за Охрид и охриското крајбрежје, но и за сите околни општини.
-Со оваа реконструкција се зголемуваат капацитетот и квалитетот на аеродромот. Се надевам дека во предвидениот рок се ќе биде завршено. Во првите два месеца од годинава на скоспкиот аеродром има 30 отсто зголемување на бројот на патници, а на охридскиот за околу 20 отсто. Годинава очекуваме двоцифрен раст на патници на двата аеродрома. Разговараме со голем број тур-оператори кои организирано треба да носат туристи на охридското крајбрежје, а со еден сме пред склучување договор, кој надвор од сезоната ќе донесе околу половина милион ноќевања, истана Мицоски.

