Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Очекувам младите да се вратат – ни на запад животот не е како што беше порано

    Мицкоски: Очекувам младите да се вратат – ни на запад животот не е како што беше порано

    28.08.2026 во 13:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски очекува развојот на нови индустрии, меѓу кои и дата-центрите и секторите поврзани со нив, да создаде подобро платени работни места и услови дел од младите Македонци кои живеат во странство да се вратат во земјата.

    Тој се повика на податоци од Државниот завод за статистика според кои бројот на вработени од третиот квартал на 2024 до вториот квартал на 2026 година се зголемил од околу 691.000 на 708.000 лица, односно за приближно 17.000.

    „Ако тоа го преточите во бројки, ќе сфатите дека претходната влада за седум години нема толку нови работни места отворено“, изјави Мицкоски.

    Според него, следниот чекор е отворање работни места во индустрии со поголема додадена вредност, кои би биле доволно атрактивни и за луѓето кои веќе ја напуштиле државата.

    „Со оваа индустрија и придружната индустрија која ќе ја сервисира, очекувам голем дел од нашите, посебно младите кои се надвор од Македонија, да се вратат дома и тука да го продолжат животот со своите семејства“, рече премиерот.

    Мицкоски оцени дека условите за живот во земјите од Западна Европа веќе не се исти како пред пет или десет години и смета дека тоа може дополнително да влијае врз одлуката на дел од иселениците да размислат за враќање во Македонија.

    Како позитивен сигнал тој го посочи и зголемениот интерес за инженерските факултети. Според информациите што ги добил од Машинскиот факултет, интересот за запишување е зголемен за околу 30 проценти. Мицкоски смета дека младите го препознаваат правецот во кој се движат технологијата и економијата, особено во инженерството, вештачката интелигенција и дата-центрите.

    „Имаме амбиција, знаеме каде да ја развиваме земјата и тоа е неповратен пат“, порача Мицкоски, додавајќи дека изборот е дали Македонија активно ќе се вклучи во новиот технолошки циклус или повторно ќе ги следи процесите откако тие веќе ќе се случат.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.