Close Menu
Press24
    Најново

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија
    • Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка
    • МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители
    • Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница
    • МВР со детали за пронајдениот леш во Зрновци
    • Стружанец се обидел да ја напушти државата со куршуми во рачниот багаж
    • Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело
    • Прегазено осумгодишно дете на патот Радовиш-Конче, со тешки повреди пренесено во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Очекувам изборната трка за Локалните избори да заврши со 60 градоначалнички мандати

    Мицкоски: Очекувам изборната трка за Локалните избори да заврши со 60 градоначалнички мандати

    29.10.2025 во 15:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска пред партиските членови и симпатизери на дебрчкото село Волино порача дека очекува изборната трка за Локалните избори да заврши со фантастична бројка од обезбедени 60 градоначалнички мандати.

    – На тоа ќе ја додадеме и бројката победи во 59 општини во советите. Тоа е резултат што не обврзува, но и мотивира да работиме уште попосветено и посилно, иако како Влада изминатите 16 месеци навистина премногу интензивно се вложивме за да докажеме дека може поинаку…Ние чуда ниту ветуваме ниту чуда се воможни, туку веруваме дека скромно и посветено, чесно успеавме да обезбедиме историска победа на овие Локални избори, рече Мицкоски.

    Тој истакна дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Златко Сиљаноски, како иден градоначалник на Дебрца ќе ја има целосната поддршка на централната власт, се во насока на подобрување на животот на граѓаните на општината.

    – Мислам дека овие избори покажаа јасна разлика која политичка опција граѓаните ја поддржуваат…Кога на резултатот на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се додадат и резултатите на останатите владини коалициски партнери во кои огромна заслуга има ВМРО-ДПМНЕ, тогаш доаѓаме до бројка од фанстастични над 70 градоначалници, нешто што досега не го памети независна Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Мицкоски ги повика и граѓаните кои гласале за СДСМ во првиот круг, во вториот круг да излезат и да го дадат за Златко Сиљаноски и на тој начин да го делигитимираат актуелното раководство на СДСМ.

    Кандидатот за градоначалник Златко Сиљаноски во обраќањето пред гласачите рече дека нуди реална, проверена програма што во целост ќе биде испочитувана, во интерес на секој граѓанин на Дебрца, за секое населено место во општината.

    – Наша цел е да го подобриме животниот стандард на сите граѓани без какви било поделби. Тоа е нашето мото на кое ќе бидеме целосно посветени. Заедно со советничката листа, со помошта на централната власт остануваме посветени да ја направиме Општина Дебрца прекрасно место за живеење на сите граѓани, рече тој.

    Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Златко Сиљаноски,  во првиот круг од Локалните избори одржан на 19 октомври освои 1.212 гласа или 48,1 отсто од граѓаните кои излегоа на гласање, пред се уште актуелниот градоначалник и независен кандидат, Зоран Ногачески, чија кандидатура ја поддржаа 663 лица или 26,31 отсто од гласачите.

    ВМРО-ДПМНЕ победи на листата за Советот на општината со освоени шест од деветте места во раководното тело на општината. 

    Популарно

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08

    Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница

    21.03.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.