Close Menu
Press24
    Најново

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран

    16.03.2026 во 23:15

    По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз

    16.03.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје
    • Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран
    • По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз
    • Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак
    • Белата куќа потврди: Трамп и Си ќе се сретнат, но терминот „виси“ поради светската криза
    • Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
    • Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
    • Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Обвинувањата на СДСМ за криминал на Владата се чиста клевета, ќе се покаже дека сè е чисто

    Мицкоски: Обвинувањата на СДСМ за криминал на Владата се чиста клевета, ќе се покаже дека сè е чисто

    01.12.2025 во 21:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ ги коментираше и последните обвинувања на СДСМ за местени тендери за што рече дека истите се клевети за кои како многупати во минатото СДСМ ќе треба да се извинува и дополнително да губи супстанца од својот кредибилитет.
     
    „Доколку постои било какво сомневање за сторен криминал, СДСМ може веднаш до нивните инсталации во Обвинителството да достави докази и нивните инсталации во Обвинителството коишто сè уште функционираат слободно можат да поведат истрага и сè што е потребно ние како Влада им стоиме на располагање. Во меѓувреме на нивната прес-конференција тие изнесоа неколку груби клевети. Не нарекоа криминалци, треба да го докажат сега тоа, а ако не го докажат ќе треба да се извинат и дополнително да изгубат супстанца од својот кредибилитет. И второ, наклеветија личност дека управител на таа фирма бил негов близок роднина, братучед итн. што е апсолутна невистина. Димче Арсовски се обрати преку социјалните медиуми и ќе треба сега да докажат тоа што го тврдат претпоставувам, преку судски процес“, потенцираше Мицкоски.
     
    Тој исто така додаде дека СДСМ и него лично во минатото многу пати го клеветеше и за тие клевети има и судски пресуди во коишто се констатирани како такви, но до ден-денес СДСМ не се извинија.
     
    „Многу пати во минатото СДСМ клеветеше. Мене лично многу пати ме клеветеше уште во времето во опозиција кога бев и има судски пресуди неколку во коишто тие клевети и невистини се констатирани како таква, а за жал до ден-денес СДСМ не се извини. Претпоставувам дека во овие судски процеси ќе дојдеме до судска одлука и ќе треба повторно или ние да се засрамиме, ако навистина сме криминалци и според нивните тврдења сме местеле тендери и тогаш треба, логично е да си поднесеме одговорност и тука нема дилема или, вториот случај, тие да се извинат“, додаде Мицкоски.
     
    Тој потенцираше дека не се интересира за јавните набавки од аспект како што тоа се правело во минатото кога браќа на премиери беа бизнисмени и кога сопруги добиваа со владини одлуки земјишта за изградба на фотоволтаици, но после обвинувањата изнесени на прес-конференција се распрашал и добил уверување дека се е според закон и според тендерската документација.
     
    „Нормално дека после прес-конференцијата на СДСМ се заинтересирав, се распрашав и апсолутно добив уверување дека е сè според закон и според тендерска документација и дека тој рамковен договор за којшто вие велите е од нула до таа максимална сума којашто вие сега ја споменувате. Значи, може да биде и нула денари, а може да биде и сумата којашто вие ја споменувате. Така што апсолутно јас не гледам никаква незаконитост во рамките на таа набавка. Имало многу случаи кога дури и компании без вработени добивале тендерски постапки итн. доколку тие биле по закон, тука ние ништо не можеме да сториме. Но, бидејќи вие рековте да ја запалиме црвената ламба, јас го повикувам Обвинителството уште денес да дојде и да отвори процес и да го истражи случајот. Доколку има какво било незаконито однесување веднаш да покрене постапка“, нагласи Мицкоски.

    Популарно

    Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите

    16.03.2026 во 21:50

    Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка

    16.03.2026 во 22:00

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба

    16.03.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.