Мицкоски: Новинарите нека го прашаат Петков на кој народ припаѓа Гоце Делчев и кој го кренал Илинденско востание

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа ги повика новинарите да му постават прашње на бугарскиот премир Кирил Петков, зошто инсистираат македонскиот јазик да биде согласно Уставот, а не само македонски јазик, на кој народ припаѓа Гоце Делчев и кој го кренал Илинденското востание.

- Затоа утре поставете му ги прашањата на Петков на утрешната прес конференција. Ако одговори така како што очекувам, нема да има пречка за првата меѓувладина конференција. Утре ќе се сретнам со Петков во 18.20 и ако новинарите не го прашаат ова што го предлагам, јас ќе го прашам. Бугарите велат дка нивниот устав не опфаќа колективни, туку индивидуални права. Очекувам Маричиќ да го советува Петков да не се меша во македонските внатрешни работи и да бара уставни измени. Суштината  е дека Резолуцијата на Бугарскиот парламент од ноември 2019 година е разложена во овие пет комисии, од кои суштинска е петтата комисија за историски прашања и претпоставувам дека текот на разговорите, со првата ќе бидеме блиску до решение, за втората веќе ќе се договориме не гледам пречка да не е така кога станува збор за научна соработка, за инфраструктурата ќе се договориме никој не е против , за четвртата ќе бидеме блиску, а за петтата ќе бидеме на почеток, но целиот тој пакет да биде дел од преговарачката рамка, и тогаш ќе заврши целокупниот процес на преговарање за историските факти бидејќи ако сето тоа влезе во преговарачката рамка тоа веќе не е билатерален проблем тогаш веќе ќе стане наш проблем со Европската унија. - рече Мицкоски.

18.01.2022 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега