Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека Владата е една од првите во Европа која го намали ДДВ-то на горивата и дека оваа мерка е дел од напорите за стабилност и помош на граѓаните. Тој нагласи дека намалувањето на даноците е дел од поширок пакет мерки, кој ги вклучува и справувањето со стари долгови од 2,5 милијарди евра, колективни договори и зголемување на платите.

– „Се обидуваме да ги предвидиме предизвиците и да носиме решенија кои ќе го олеснат животот на граѓаните, наместо да внесуваме паника“, рече Мицкоски во интервју за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Премиерот истакна дека Владата успеала да одржи ценовна стабилност и да обезбеди најниски цени на горивата во регионот, додавајќи дека сега Македонија е пример за стабилност и сигурност и за соседите.

– „Најлесно е да се создава параноја, но ние внесуваме оптимизам и знаеме што правиме за доброто на граѓаните“, подвлече Мицкоски.

Exit mobile version