Ние дипломатија за пари не водиме. Ние водиме стабилна политика, политика коај што граѓаните ја препознаваат и дсаваат поддршка на таа политика, ова е одговорот на премеирот Христијан Мицкоски на обвинувања на опозицијата дека има застој во евроинтеграциите.
-Јас како човек нема да влезам во каква било авантура без претходно да го знам крајот, а тој да биде позитивен за граѓаните коишто ме гласале и оние кои не ме гласале, па и оние кои што не ни излегле на гласање затоа што толку ногу работи за седум години влада СДСМ/ДУИ толку многу дипломатија за пари е аплицирана што сето тоа ние мораме на потешкиот начин да го корегираме и го корегираме, чекор по чекор, малку по малку доаѓаме до многу поповолна позиција. Ние ја видовме нивната евроинтегративна политика, променија име, го лажеа народот за бесплатно здравство, за квалитетно образование и не знам што не и застанавме поназад од кого било во регионот. Таква дипломатија за „жолтици“ ние нема да водиме, ние ќе водиме стабилна политика која граѓаните ја препознаваат и поддржуваат и се додека е така ние ќе се бориме да ја оправдаме таа поддршка, посочи премиерот на денот кога известувачот Вајц ги демантираше лагите на Венко Филипче со злоупотреба на интервју старо два месеци токму за некаков имагинарен застој во реформите за ЕУ, изјави премиерот.


