Close Menu
Press24
    Најново

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија
    • Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка
    • МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители
    • Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница
    • МВР со детали за пронајдениот леш во Зрновци
    • Стружанец се обидел да ја напушти државата со куршуми во рачниот багаж
    • Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело
    • Прегазено осумгодишно дете на патот Радовиш-Конче, со тешки повреди пренесено во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Не е крај на светот – некои компании ќе се отвораат некои ќе се затвараат

    Мицкоски: Не е крај на светот – некои компании ќе се отвораат некои ќе се затвараат

    11.11.2025 во 10:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Премиерот Мицкоски вели дека не е крај на светот ако некои компании се затворат, бидејќи такви се условите на пазарот. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање по информацијата дека две американски фирми си заминуваат од Бунарџик по што 1000 луѓе ќе останат без работа, Мицкоски вели дека тоа не е нешто што треба да не загрижува.

    Ќе има компании кои што се отвораат, ќе има компании кои што се затвораат, и домашни и странски, и тоа не треба да се сфаќа Како нешто кое што претставува крај на светот. Ние како влада се обидуваме и успешни сме во тоа да привлечеме што е можно повеќе компании.

    Веќе имаме неколку кои што се во процес на завршување на преговори. Очекувам до крајот на годината четири или пет такви компании веќе да потпишат договори со Владата. Така што, очекувам нови над 1000 работни места кои што би се креирале само како резултат на овие потпишувања.

    Така што Апсолутно ќе се случуваат тие работи, ќе има нови компании, некои ќе се отворат, некои ќе се затвораат. Но ние како влада сме тука да работиме за интересот на граѓаните и државата, и убеден сум дека со поддршката која што ја даваме сме конкурентни, или би рекол дека сме едни од најконкурентните Во Европа, и тоа го покажуваме и со бројки, и тоа го покажуваме со дела.

    Впрочем, еден од тие такви докази е и оваа инвестиција која што следната година ќе ја прави Костал, сепак 30 милиони евра, нови до 200 работни места. Цел е да имаме извоз над 300 милиони евра Претставува навистина нешто импресивно и јас им честитам на тоа.

    А ние како влада сѐ ќе направиме за да уште повеќе привлечеме инвестиции од Костал и од друг тип на компании. – рече Мицкоски

    Популарно

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08

    Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница

    21.03.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.