Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски најавува до 10 отсто поевтина струја

    Мицкоски најавува до 10 отсто поевтина струја

    08.06.2026 во 15:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата подготвува ново потрошувачко портфолио во соработка со дистрибутерот „ЕВН Хоум“ и државниот производител ЕСМ. Целта на овие активности, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски од Виница, е да се обезбеди просечна цена на струјата која би била за 5 до 10 отсто пониска од моменталната.

    Премиерот појасни дека во тек е анализа на индикаторите кои треба да овозможат распишување на огласот на крајот од годинава, со цел граѓаните да ги почувствуваат ефектите веќе во следната година.

    „Така што ние сега практично ги подготвуваме сите индикатори, за да можат тие на крајот од годината да го распишување на огласот и веќе за следната година да обезбедиме, можеби еден од ретките случаи ќе биде во Европа, ако не и единствен, каде што граѓаните би добиле до 5 проценти, а можеби и повеќе, пониска цена на електричната енергија. Тоа ќе биде нешто што досега не се случило – да ги искористиме поволностите на обновливите извори на енергија, тоа е Сонцето, и во тој микс во текот на целата година да обезбедиме просечна цена на електричната енергија којашто, еве, јас сум умерен оптимист, би била 5 до 10 проценти поевтина од сегашната. Но, ајде да видиме како сето тоа ќе го операционализираме“ – рече Мицкоски.

    Финансиска консолидација на енергетските компании

    Претседателот на Владата подвлече дека крајната цел за оваа година е државата по првпат да стане нето извозник на електрична енергија. Тој сподели и оптимистички прогнози за финансиското работење на државната компанија ЕСМ.

    „Добро е што и државната ЕСМ се консолидира и во првиот квартал, или да бидам попрецизен, очекувам во првата половина од годината за првпат да имаме позитивни резултати, од оние 150 милиони евра загуба што ги наследивме, да имаме, мојата прогноза е меѓу 6-7 милиони евра добивка. Ќе видиме“ – изјави Мицкоски.

    Заштита на земјоделското земјиште од соларни паркови

    Во однос на проектите за обновливи извори на енергија, премиерот упати критики до претходната власт за поставување капацитети на плодна почва, најавувајќи законски измени со кои се става крај на ваквата пракса.

    Новите правила предвидуваат соларни проекти да се градат исклучиво на земјиште од петта категорија нагоре, за да не се загрози домашното земјоделство.

    Милионски инвестиции во ветерни паркови и полни акумулации

    Мицкоски најави дека веќе во тек на овој месец ќе се интензивираат активностите на терен за изградба на големиот Ветерен парк кој ќе ги опфати општините Штип, Карбинци и Радовиш, проект вреден околу половина милијарда долари.

    „Веќе теренските активности се почнати. Ценам дека овој месец јуни ќе ве поканиме да бидете присутни и таму на терен, да гледате како тој проект се развива. Финансиската конструкција е завршена, отприлика околу половина милијарда долари. И она коешто го работиме со истиот инвеститор е уште еден таков сличен проект да имаме таква инвестиција во североисточниот дел на земјата, со отприлика слична инвестициска активност од околу половина милијарда долари“ – истакна тој.

    На крајот, премиерот информираше дека државните акумулации се консолидирани и се наоѓаат на 80 отсто исполнетост, за разлика од претходните години кога паднале на критични 7 проценти, со што е обезбедено непречено наводнување преку хидросистемот „Брегалница“.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.