Владата денеска донесе вонредни мерки за да го спречи наглиот скок на цените на нафтените деривати. Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција соопшти дека клучната одлука е намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18 на 10 проценти, со што директно се амортизира ударот од светските берзи врз домашниот пазар.
Со оваа интервенција, цената на бензините нема да претрпи промени, додека кај дизелот ќе има минимално зголемување.
„Одлучивме да се намали данокот на додадена вредност од 18% на 10%, со тоа што цената на бензинот останува непроменета, а нафтата ќе се зголеми од 3 до 3,5 денари од литар“, изјави премиерот Мицкоски.
Според премиерот, без оваа владина мерка, поскапувањето би било драстично поголемо. Државата со кратењето на данокот презема дел од товарот на себе за да го заштити буџетот на граѓаните и стопанството.

