Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.
Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции на кои како што велат од Владата ќе ги презентира условите за инвестирање во земјава особено во делот на енергетиката и технологијата.
За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.
Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти, се вели во соопштението на владината прес служба.
- Сообраќаен хаос на патиштата: Приведени малолетници, возеле без возачка и во спротивна насока
- Повторно трагедија на македонските патишта: Загина едно лице
- Тепачка во Ѓорче Петров: Син го нападнал татко си во дворот по жестока расправија
- Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје
- Криминал во радовишко: Наместо бука, во училиштата носеле „дива круша“ и гранки – украле над 600.000 денари
- Хаос во кумановскиот суд: Референтка издала казнена евиденција на туѓо име без лична карта
- Мицкоски: Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“
- Тошковски и СЕЛЕК договорија заеднички хајки против шверцерите и компјутерските измамници


