Мицкоски на средба со Јанша: Да се следи примерот на Словенија, економијата девастирана поради неспособноста на власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот г. Александар Николоски во рамките на својата регионална дипломатска иницијатива оствари средба со ремиерот на Република Словенија Јанез Јанша.

На средбата Мицкоски истакнал дека Македонија се соочува со вето од Бугарија на патот кон Европската Унија, но и покрај оваа препрека како акутен проблем останува недодостатокот на борба против криминалот и исклучителното високо ниво на корупција во земјава што прави државата да тоне на сите скали и рангирања кои што го мерат квалитетот на живот.

Како што соопшти партијата, тој на средбата разменил искуства поврзани со економијата, при што Мицкоски напоменал дека рецесијата во која се наоѓа македонската економија резултираше со раст на невработеноста.

акетите на помош за економиката не ги дадоа потребните резултати зошто тие освен за гола промоција беа наменети за приземен поткуп без ефект и помош за стопанството. Економијата е девастирана што е директна последица на неспособноста на владата, граѓаните немаат време за чекање, истакнал Мицкоски.

Со Јанша зборувале и за здравствената ковид криза како сериозна закана за сите земји во светот како и механизмите за нејзино надминување.

Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, Словенија има сериозен план за вакцинирање на населението од дури 70 проценти до почеток на летото, би сакал и македонската влада да ги следи ваквите позитивни примери, истакна Мицкоски.

-Тој на средбата побара поддршка од словенечкиот премиер на патот кон Европската Унија особено што Словенија е државата која е идниот претседавач со Унијата. Премиерот Јанша изрази поддршка на Македонија и нејзините евро интеграции како и поддршка за дополнително развивање на сестринските односи со ВМРО-ДПМНЕ како дел од семејството на Европската Народна партија, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега