Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е дел од нашата држава

    08.04.2026 во 22:51

    Велика Британија му забрани влез на Канје Вест

    08.04.2026 во 22:14

    Туристички хорор: Овие 10 земји можат да ти го уништат одморот

    08.04.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е дел од нашата држава
    • Велика Британија му забрани влез на Канје Вест
    • Туристички хорор: Овие 10 земји можат да ти го уништат одморот
    • Нафтен шок во обратна насока: Цените вртоглаво паѓаат по договорот меѓу Вашингтон и Техеран
    • Ескалација на Блискиот Исток: Десетици загинати во денешните израелски напади врз Либан
    • Трамп подготвен за дијалог: „Би се сретнал со Иран во секое време за нов договор“
    • Ирска на нозе: Блокирани патишта и хаос во сообраќајот поради рекордните цени на горивата
    • Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е дел од нашата држава

    Мицкоски на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е дел од нашата држава

    08.04.2026 во 22:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Светскиот ден на Ромите не е само симбол, тој е потсетник дека секое општество се мери според тоа колку знае да ги препознае, да ги почитува и да ги поддржи своите луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешното одбележување на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

    Тој посочи дека ромската заедница е составен дел од државата и општеството.

    -Ромската заедница е дел од нашата држава не само формално, туку суштински. Таа е дел од нашата историја, од нашата култура, од нашиот секојдневен живот – рече премиерот, додавајќи дека присуството на Ромите се чувствува во образованието, работните места, музиката и традицијата.

    Мицкоски оцени дека покрај постигнатиот напредок и натаму постојат предизвици кои не смеат да се игнорираат.

    -Постојат предизвици, постојат разлики кои не смееме да ги игнорираме, постојат бариери кои не смееме повеќе да ги оправдуваме, порача тој, нагласувајќи дека 8 Април е „ден за одговорност“, а не само за зборови.

    Премиерот информираше дека Владата активно работи на подобрување на положбата на ромската заедница преку конкретни политики. Тој потенцираше дека интеграцијата е прашање на однос и доверба, а не само на политики. Повика на истрајност и заедништво.

    Според претседателот на Собранието, Африм Гаши, овој ден претставува потсетник дека различностите се најголемото богатство на едно општество.

    -Овој значаен ден нè потсетува дека различноста е нашето најголемата богатство и во тоа заедничко богатство ромската заедница има посебно и драгоцено место со културата, јазикот, идентитетот и историјата што ја носи – порача претседателот на Собранието.

    Според него, проблемите во образованието, вработувањето и застапеноста бараат поголема и системска посветеност, укажувајќи дека е потребен покоординиран пристап од сите чинители. Тој се осврна и на фактот дека во Собранието нема ромски пратеник.

    -Иако во моментов немаме ромски пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, ве уверувам дека ќе бидам вашиот глас во заштита на вашите права и аспирации – порача претседателот на Собранието.

    Министерот без ресор Шабан Салиу упатувајќи честитка до сите Роми во светот, потсети дека Меѓународниот ден на Ромите е внесен во Законот за празници во државава во 2007 година, како амандман поднесен од него како пратеник, и дека денес официјално се одбележува како државен празник и неработен ден за ромската заедница. Според Салиу, ваквото одбележување ја прави Македонија единствена држава во светот.

    Салиу нагласи дека Ромите во Македонија се единствени во светот кои се наведени како конститутивен елемент во Преамбулата на Уставот.

    -Ромите во нашата држава Македонија се единствените во светот кои се внесени како конститутивен елемент во преамбилата на Уставот и се признаени цитирам како дел од Ромскиот народ, благодарение на мојот ангажман и починатиот пратеник Фаик Абди – истакна тој.

    Салиу оцени дека положбата на Ромите е показател за демократскиот капацитет на една држава.

    -Ако е така одговорно можам да кажам во тој поглед Македонија е најдемократската држава во светот во поглед на уважувањето на правата на Ромите – рече министерот.

    Тој се осврна и на процесот на интеграција, посочувајќи дека тој започнал во 2007 година со вработувањето на првите пет припадници на ромската заедница во државната администрација. Според него, тој број постојано се зголемува во органите на државната управа, министерствата и другите институции. Како значајни успеси ги наведе и официјалната употреба на ромското знаме во повеќе општини, како и неговото подигање пред Владата по повод 8 Април.

    Сепак, Салиу нагласи дека и покрај постигнатите успеси, состојбата на ромската заедница и натаму е тешка. Како министер без ресор, рече тој заедно со својот кабинет вложува напори за справување со секојдневните предизвици и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030. Тој појасни дека проблемите се системски и опфаќаат повеќе области од живеењето, наведени како осум мерки во Стратегијата.

    Популарно

    Мицкоски на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е дел од нашата држава

    08.04.2026 во 22:51

    Велика Британија му забрани влез на Канје Вест

    08.04.2026 во 22:14

    Туристички хорор: Овие 10 земји можат да ти го уништат одморот

    08.04.2026 во 22:00

    Нафтен шок во обратна насока: Цените вртоглаво паѓаат по договорот меѓу Вашингтон и Техеран

    08.04.2026 во 21:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.