Остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел горивото во регионот, со намалени акцизи за бензините и за дизелот и намалено ДДВ за бензините, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.  

На новинарско прашање, Мицкоски рече дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според аплицирани мерки во однос на БДП. 

– Граѓаните од соседните држави ја зголемија потрошувачката на бензинските стници во Македонија, во одредни денови за 30 проценти. Ние сме горди што можеме да влијаеме за подобар стандард на граѓаните на соседните држави, меѓу кои што се Србија, Косово, Албанија и Грција, и делумно Бугарија. Како држава сме фактор на стабилност и продолжуваме со политика која ќе значи подобар стандард за греѓаните. Остануваме на намалените акцизи за бензините и за дизел горивата, остануваме на намаленото ДДВ за бензините и остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел горивата во регионот, изјави Мицкоски, на новинарско прашање  по присуство на панихида во црквата „Св. Спас“- Скопје по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев.

Exit mobile version