Мицкоски: Македонија се соочува со предизвици, удари, со понижувања, со сиромаштија и одрекувања
ВМРО-ДПМНЕ одбележува 32 години од формирањето, а претседателот на партијата Христијан Мицкоски се огласи по тој повод.
„Оваа 2022 година одбележуваме точно 32 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, и 129 години од создавањето на историското ВМРО. Овие 32 години се времиња поминати на постојана борба, жртва и работа за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија чиј код, своето постоење и своето делување го има посветено на постоењето и делувањето на Македонија. Таквата причинско последична состојба е папочната врвка која го прави ВМРО, сопатник низ времето со сите падови и подеми на нашата Македонија“ се вели во соопштението испратено од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски во кое меѓудругото изразува благодарност до основачите кои се значаен сегмент во сегашното функционирање на партијата.
Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и главна сила која ќе води кон промени.
„Денес ВМРО-ДПМНЕ се враќа на стабилни патеки и заедно со народот повторно се крева. И кога државата се соочува со предизвици, удари, со понижувања, со сиромаштија, одрекувања и порекнувања…. ВМРО-ДПМНЕ природно и разбирливо е предводник на знамето кое обединува, и тоа е обврската која јас ја прифаќам со чест и со целото мое срце. И ако праша некој зошто? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и јас нема да молчиме кога народот страда, кога чувствува несигурност, гнев и трпи понижувања. Тоа се работите кои без малку ги чувствува секој еден човек без разлика на верата и нацијата. Нема да молчиме бидејќи сега треба да бидеме гласни. И ние таа битка ќе ја водиме. И за таа цел вратите на народот се широко отворени. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, но и главната сила која во периодот што следи ќе ги предводи промените“ вели Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа