Мицкоски: Македонија чекор поблиску до енергетска независност


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со инвестициите во енергетиката и за тоа дали земјава може да стане енергетски независна, оцени дека Владата ќе ја направи Македонија енергетски независна од делот увоз на електрична енергија.

„Апсолутно да. Ако се сеќавате добро, ние мандатот го започнавме со една таква инвестиција, инвестицијата на компанијата „Алказар“, каде што очекувам отприлика производство од обновлива енергија од еден терават-час, еден терават-час е отприлика колку што е 25 проценти од вкупното производство коешто го имаме како држава. И со овој еден терават-саат, ќе дојдеме до чекор до независност, а во периодот којшто следи со носење на новиот Закон за енергетика каде што ќе бидат предвидени и батериски системи и слично, мислам дека во следната 2025, почетокот на 2026 година можеме да зборуваме за портфолио на државата, увоз-извоз, нула. Што значи ќе ја направиме Македонија енергетски независна од делот увоз на електрична енергија“, изјави премиерот Мицкоски.

24.09.2024 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега