Мицкоски: Ковачевски си поднел оставка, ама го предомислиле Талат и компанија

Во одредени политички колуари се зборува дека Ковачевски веќе еднаш си поднел писмена оставка до Собранието, но од коалицијата жестоко го убедувале да не заминува, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на трибина во Штип.

„Талат и останатите од компанијата го убедувале да не си даде оставка, затоа што знаат дека од правдата нема бегање. Значи имаме премиер кој утрото се буди, попладнето си дава оставка, а вечерта се премислува затоа што на човекот тоа место му е подарено и не му се одговара толку брзо, па си вика, да се тргнам и да се спасам на време. Па еве од овде од Штип сакам да му порачам: Ковачевски не мачете се и престанете да ја тонете Македонија, дајте си оставка. Оставка на цела влада. Прифативте улога со која не можете да се носите“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ниту една оставка нема да биде бегство од одговорноста која следи.

11.05.2023 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега