Мицкоски: Ковачевски го покажа сиот свој простотилак

При денешната посета на општина Велес, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар за навредите од премиерот Ковачевски упатени кон пратеничката Бети Стаменкоска и дали се тоа европски вредности кои што треба да ги покаже некој македонски политичар истакна дека е шокиран и згрозен од настанот а хардвардовецот Ковачевски вчера на отворена сцена го покажал сиот свој простотилак, и побара јавно да се извини за навредите.

„Хардвардовецот го покажа вчера на отворена сцена сиот свој простотилак. Но простотилакот претпоставувам го стекнал во животот. Јас нема да го коментирам тој простотилак, згрозен сум, и шокиран од шовинизмот кој што го покажа на отворена сцена, туку тука забележувам како педагог како професор  една елементарна работа а тоа е отсуство на домашно воспитување. И тоа е многу значајно да се каже. И кога отсуствува тоа домашно воспитување тоа вие во животот не можете да го надоместите, можете да го криете да се маскирате но порано или подоцна отсуството на домашното воспитување ќе излезе на виделина како што тоа вчера го направи Ковачевски, и ќе се служи со навреди кои што навистина погодуваат. Видете тоа се навреди кои што би рекол не доликуваат никому и на тој начин тој уште еднаш покажа дека не е достоен за позицијата која што во овој момент како поставен таму ја обавува а тоа е претседател на владата на Македонија така што уште еднаш апелирам до него ако малку, ако малку сака да ја сочува својата чест, малку бидејќи таа е тотално изгубена, руинирана, доблесно е да се извини. Доблесно е да излезе и да се извини. Јас уште еднаш ќе го изразам своето шокирање и посакувам ова никогаш повеќе никому да не му се повтори, затоа што сепак ние сме луѓе кои што треба да бидат пример како треба, а не пример како не треба“, нагласи Мицкоски.

25.02.2023 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега