Мицкоски: Корумпирани сеништа од минатото стојат зад инцидентите во Галате - ова е обидот за дестаблизиација

Премиерот Мицкоски смета дека инцидентите во Галате околу црквата се само обид за предизвикување на етнички тензии и дестаблизиација

„Ова е дел од оној фолклор кој што се подготвува за сеење етничка, верска нетрпеливост и обид за дестаблизиација и ваков тип на инциденти во периодот кој што следи ќе има бидејќи не можеме како Влада, по последните измени во Законот за полиција да извршиме промени во полициските структури. Ќе мора следните 2-3 месеци да се смени законот за да настане измена во раководните полициски структури за да можеме реално да ја контролираме ситуацијата.
Инаку во периодот немојте да имате дилема дека овие корумпирани политички елити од минатото ќе се обидат преку своите центри се уште на влијание во сите институции да создаваат етнички конфликти и тензии, но ние ја контролираме ситуацијата.
Не наидува на поддршка кај населението, самите граѓани на Галате го отфрлија ова.
Апелирам сега во моменти кога расте економијата да не дозволиме вакви корумпирани сеништа да не влечат во минатото.“ – рече Мицкоски.

 

11.09.2024 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега