Мицкоски: Колку власта е за европски вредности се гледа по газењето на ЕУ со договорот за коридорите 8 и 10Д

 

Како идна влада ќе наследиме проект кој што ќе има многу нејаснотии, многу прашалници и затоа се обидовме процесот да го исправиме, но очигледно решија да го буткаат на насилен пат, односно преку груба злоупотреба на европското знаменце, што само по себе е своевиден двоен стандард и лицемерие. Од една страна промовирате европски вредности, а од друга страна ги погазувате тие европски вредности и тоа ги доведува во конфузија граѓаните, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, зборувајќи за начинот на кој Владата го турка договорорт за коридорите 8 и 10Д.
Мицкоски исто така додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги репреговара проблематични сегменти во договорот со компанијата која ќе гради.
 „Наш проблем како влада ќе биде оние сегменти од самиот договор коишто за нас се критични и проблематични со луѓето од Бехтел да седнеме и да ги репреговараме како идна влада, подвлече Мицкоски и додаде дека Владата упорно го крие договорот од јавноста и не потврди дали верзијата доставена од свиркач е вистинската, па дури и на Државната комисија за спречување на корупција ѝ достави редактирана верзија, а не вистинската.
„Практично мораме да седнеме со таа компанија и да поразговараме отворено за можните проблеми со кои би се соочила идната влада“, потенцираше Мицкоски и дополни дека во Романија се репроектирал и поевтинел и до 30% тој проект. 
 
„Така што не е невозможно и нејќам и тука да ми кажат, е тоа ви е најдобриот предлог. Не, не е најдобар. Може да се преговара и да се репреговара и ако навистина сакаат од компанијата да бидат пријатели и ако навистина нашите стратешки пријатели се стратешки пријатели на оваа земја ќе ни помогнат заедно да седнеме, да испреговараме нешто што ќе биде заеднички интерес, а пред сѐ интерес на граѓаните“, заклучи Мицкоски.
03.06.2023 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега