Мицкоски: Ќе имаме искрен однос кон соседите, како тие нам - така ние ним

Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме искрен однос на почит и пријателство и секогаш пријателски пружена рака кон соседите, но со целосно право да ги заштитиме интересите важни за Македонија. Тоа го кажувам јасно и отворено, кажувам отворен став за соработка и почитување, но и одбрана на она во што веруваме, а тоа е реципроцитет, како тие нам, така ние ним, изјави вечерва во Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на Бугарија, Мицкоски потсети на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која ова лето беше прифатена во Собранието и црвените линии, за, како што рече, овој спор кој пред пет години воопшто не постоеше.

-Потребно е да се издигнеме над облаците на измамите и пазарењата кои ни ги носи Владата со нашите соседи. И во тој контекст немаме право да се лутиме против Бугарија, бидејќи природно е тие да ги штитат своите интереси, она што навистина боли е што нашата Македонија ја водат луѓе кои се подготвени да прифатат се, да се пазарат со се. Не е во прашање  недостиг на разбирање од двете страни, туку недостиг на мудрост од македонската Влада, истакна Мицкоски.

Односите со соседите, Мицкоски порача, дека ќе ги базира на вредности на меѓусебна почит, толеранција и ќе ги надградува низ полињата на взаемен интерес на народите. 

23.10.2021 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа