Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографии од приемот кај британскиот Крал Чарлс III. 

-Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание.

Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството. Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, имам повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство, вели Мицкоски.

Exit mobile version