Мицкоски ја отфрли заканата за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега


Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија.

„Не е април. Тоа би била добра првоаприлска шега“, рече Мицкоски.

Европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев за БНТ изјави дека ја информирале „Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ“ и ќе побараат да се иницира процедура за исклучување на таа партија од ЕНП.

20.09.2024 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега