Мицкоски: Издавањето на патните исправи и на личните документи е под контрола и во рамките на законските 15 дена

 

Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола и издавањето е во законскиот рок од 15 дена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во ООУ „Стив Наумов“ во Скопје одговараше на новинарско прашање дали е решен проблемот издавањето на документите од страна на МВР.

-Можам исто така со задоволство да кажам дека нередот којшто беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола и сега во рамките на законските 15 дена граѓаните можат да ги добијат патните документи, патните исправи и другите лични документи. Од информациите коишто ги добивам од МВР некаде околу 1.740 патни исправи се издадени и некаде околу 1.440 лични карти и некаде околу 750.000 возачки дозволи. Така што нема повеќе турканици, нема повеќе неред, нема повеќе понижување на македонските граѓани, рече Мицкоски.

Премиерот забележа дека тоа е уште еден доказ и оти  не се сите исти, а оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните.

02.09.2024 - 11:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега