Додека Европа и регионот се тресат од историски најголемата нафтена криза, премиерот Христијан Мицкоски денеска од Гази Баба порача дека македонските граѓани треба да бидат спокојни. Македонија е единствената земја во регионот која не само што не ги покачи, туку и ги намали цените на дериватите, кои се убедливо најниски во споредба со соседите и ЕУ.

Мицкоски нагласи дека Владата е подготвена за сите сценарија, вклучително и активирање на акцизите и продолжување на кризната состојба доколку е потребно.

„За разлика од минатите времиња на паника и неспособност, денес државата рефлектира стабилност. Имаме доволно количини гориво, а ЕСМ веќе заработува од продажба на струја на берзите. Поскапување на струјата за граѓаните нема да има!“, дециден е премиерот.

Exit mobile version