Основното јавно обвинителство Куманово интензивно работи на расчистување на случајот со 25-годишниот жител на селото Малотино, осомничен за две свирепи убиства. Обвинителот Љубомир Лапе денеска информираше дека се чекаат клучните резултати од извршените ексхумации и обдукции, како и наодот од психијатриското вештачење на осомничениот.
За да се утврди точната траекторија на движење и контактите на убиецот, издадени се наредби за лоцирање преку базни станици на мобилните телефони.
„Кога ќе ги прибавиме сите докази, ќе имаме појасна слика дали има потреба да се расчистуваат и други евентуални настани поврзани со ова лице“, изјави обвинителот Лапе.


