Мицкоски: И покрај опструкциите од власта, промените се случуваат

Отчет на градоначалниците од Скопскиот регион! Се градат градинки, се реконструираат училишта, се инвестира во нова водоводна и канализациона мрежа, и покрај опструкциите од власта, промените се случуваат!, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук и сподели видео од политичкиот саем за отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кој се оддржа викендов.

-За прв пат до сега градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги планираат буџетите заедно со граѓаните и според нивните потреби. Ќе се отворат вратите за предлози, идеи и потреби на граѓаните, компаниите и општествените чинители и во консултација со нив ќе се испланираат активностите за наредната година.
Ова ќе биде системска акција која ќе се реализира организирано во неделите до крајот на годината. Буџет заедно со народот, наместо затворени во канцеларии и без слух за реалните потреби.
ВМРО-ДПМНЕ го трасира патот кон револуционерна мерка која на општините ќе им обезбеди самостојност и инвестициски вложувања, додава Мицкоски.

08.11.2022 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега