Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ќе го означат почетокот на градежните работи за првата фаза од булеварот „Македонија“.

Станува збор за клучен инфраструктурен зафат во центарот на градот, кој ги опфаќа пристапите за влез и излез од подземната сообраќајница лоцирана под станбено-трговскиот комплекс „Лимак“. Овој проект се очекува значително да го растовари сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Од Владата информираат дека по означувањето на почетокот на работите, предвидени се изјави за медиумите од страна на премиерот и градоначалникот.

Exit mobile version