Close Menu
Press24
    Најново

    Ефект „Трамп“ на берзите: Нафтата поевтинува, акциите во нагорен тренд

    23.03.2026 во 19:37

    Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно

    23.03.2026 во 19:11

    Полициска акција во Скопје – четворица приведени

    23.03.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ефект „Трамп“ на берзите: Нафтата поевтинува, акциите во нагорен тренд
    • Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно
    • Полициска акција во Скопје – четворица приведени
    • Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно
    • Алиу: Со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести
    • Индиски танкери поминаа низ „жешкиот“ Ормуски Теснец
    • Иран ги заострува одбранбените механизми: Нови директиви од врховниот лидер
    • Дипломатски пресврт: Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски и Филипче во отворен судир за лидерската средба

    Мицкоски и Филипче во отворен судир за лидерската средба

    08.01.2026 во 15:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за лидерска средба предизвика остра поларизација на политичката сцена. Додека Мицкоски од Гевгелија повикува на зрелост и консензус за европските закони, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, категорично ја одби поканата, нарекувајќи ја „стапица“ за предвремени избори.

    Одговарајќи на обвинувањата на Филипче дека владата е „криминална“, Мицкоски оцени дека ваквиот речник е дел од „менаџерскиот договор“ на Филипче како претседател на СДСМ и доказ за неодговорноста на опозицијата.

    „До скоро тие бараа лидерска средба, сега кога има лидерска средба ја одбиваат… Навистина едно би рекол збунувачко и нејасно однесување,“ изјави Мицкоски.

    Тој најави дека поканите ќе бидат испратени до сите парламентарни партии за средба во Клубот на пратеници. Според него, доколку СДСМ не сака да учествува, владата со своето двотретинско мнозинство ќе продолжи со реформите, вклучително и со законите за јавно обвинителство и судски совет кои се дел од европската агенда.

    „Ако сакавме да се однесуваме незрело… тогаш можевме тоа да го направиме и без таа лидерска средба. Но сакавме да тоа лидерска средба да поразговараме и за реформските закони,“ додаде Мицкоски.

    Претходно, Венко Филипче ја отфрли можноста за дијалог, обвинувајќи дека Мицкоски бара алиби за избори за да спроведе штетно сценарио со мигранти и задолжувања.

    „Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада. Мицкоски е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување на предвремени избори,“ беше дециден Филипче.

    Лидерот на СДСМ смета дека техничката влада мора да остане како единствена брана против, како што вели, партизацијата на институциите и правосудството од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

    Клучната точка на разединување останува техничката влада. Мицкоски смета дека е „политички некултурно“ таа да се укине без консензус, иако го кочи системот, додека Филипче инсистира таа да опстане. Засега, изгледите за заедничка маса се минимални, а политичкиот дијалог се води преку прес-конференции и меѓусебни обвинувања.

    Популарно

    Ефект „Трамп“ на берзите: Нафтата поевтинува, акциите во нагорен тренд

    23.03.2026 во 19:37

    Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно

    23.03.2026 во 19:11

    Полициска акција во Скопје – четворица приведени

    23.03.2026 во 19:08

    Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

    23.03.2026 во 18:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.