Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Руте испрати јасна порака за Русија, Владата не може да се крие

    03.03.2026 во 17:20

    Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити Македонија

    03.03.2026 во 17:19

    Утре дел од Скопје ќе остане без струја до 16 часот – проверете дали сте на списокот за исклучување

    03.03.2026 во 16:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Руте испрати јасна порака за Русија, Владата не може да се крие
    • Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити Македонија
    • Утре дел од Скопје ќе остане без струја до 16 часот – проверете дали сте на списокот за исклучување
    • Нова мапа открива кои земји се во дострел на иранските ракети – меѓу нив и омилените дестинации на Македонците
    • (ВИДЕО) Иран лансираше балистички ракети кон Тел Авив, во тек е операцијата „Вистинско ветување 4“
    • Израел го срамни со земја местото каде Иран требаше да го избере наследникот на Хамнеи
    • Средба меѓу претседателот Гаши и генералниот секретар на НАТО: Потврда за силното сојузништво
    • Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е негова итна и целосна интеграција во ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски ги повика градоначалниците да го користат Ресурсниот центар: Зајакнувањето на општините не е трошок, тоа е инвестиција

    Мицкоски ги повика градоначалниците да го користат Ресурсниот центар: Зајакнувањето на општините не е трошок, тоа е инвестиција

    24.11.2025 во 13:391 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Скопје го промовираше Ресурсниот центар за поддршка на општините, кој ќе обезбеди стратешка поддршка, експертиза и инструменти за подобра имплементација на децентрализацијата и рамномерниот регионален развој.

    Според премиерот, Центарот е одговор на реалните предизвици со кои се соочува локалната самоуправа во управувањето со ресурсите и создавањето локален економски развој.

    „Зајакнувањето на општините не е трошок, тоа е инвестиција. Инвестиција во подобар живот, во одржлив развој, во стабилност на локалните заедници и во функционална држава што знае каде оди и што гради“, истакна Мицкоски.

    Премиерот нагласи дека силните и стручни локални власти се најблиску до граѓаните и можат најбрзо да ги почувствуваат нивните потреби.

    Мицкоски упати јасна порака до сите градоначалници:

    „Разгледајте ги можностите кои ги нуди Ресурсниот центар, користете ја поддршката, побарајте експертска помош таму каде што постојат предизвици или недостиг на капацитети. Ова не е слабост, ова е мудрост во управувањето.“

    Со оваа иницијатива, Владата создава алатки за трансформација на земјата во модерна и одговорна држава, која не само што ги следи европските стандарди, туку ги живее.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Хаос во касарната во Петровец: Припадник на Армијата фатен со марихуана во ранецот

    03.03.2026 во 14:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.