Мицкоски ги демантира обвинувањата на Филипче за феудализам, на владина седница денеска треба да поминат средствата за развој на стопанството и општините

 

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче дека Владата вовела феудализам како економски модел, односно дека крупниот капитал им е поважен од работниците. Според премиерот, доколку некој се однесува феудално, тогаш тоа е претседателот на СДСМ кој, како што рече, сè уште нема избрано органи на партијата.

- Доколку некој се однесува феудално, тогаш тој се однесува бидејќи ние сè уште не сме добиле информација дали има извршен одбор на таа партија после два и пол месеци. Но, тоа ќе го оставам тие да си го решат, тоа е сепак нивно прашање, јас не сакам да се мешам, рече Мицкоски во изјава за медиумите по пуштањето во употреба на доградбата на детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Денеска на владина седница, како што најави, ќе поминат договорите за развој на стопанството и на општините.

- Денеска на владина седница ќе помине договорот за развој за стопанството 250 милиони евра, 230 милиони евра за општините и половина милијарда евра за да можеме на 25 јануари да ја платиме еврообврзницата што ја земале 2017 година. Да вратиме нивен долг, изјави Мицкоски.

На прашањето дали сè уште стојат на ставот да се одземат ингеренциите на на Градот за справување со хигиената, одговори дека доколку мора, тие ќе го решат проблемот.

- Доколку гледаме дека некој што е одговорен не го решава проблемот, мора ние да го решиме. Не сакаме да примениме инвазивен метод, но, доколку мора, нема да биде тешко да го направиме, рече премиерот. 

03.09.2024 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега