Close Menu
Press24
    Најново

    Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник

    03.04.2026 во 19:30

    СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“

    03.04.2026 во 19:22

    НАСА пред нов предизвик: Белата куќа бара заштеди среде најважната вселенска мисија на деценијата

    03.04.2026 во 19:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник
    • СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“
    • НАСА пред нов предизвик: Белата куќа бара заштеди среде најважната вселенска мисија на деценијата
    • Земјотрес ја стресе Македонија
    • Какви се личностите родени во април?
    • Како спијат астронаутите во „Орион“: Висат како лилјаци на патот кон Месечината
    • Ескалација на Блискиот Исток: Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи
    • Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Филипче, Апасиев и Ахмети се осојузиле поради слепата желба за власт и гневот и омразата којашто ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ

    Мицкоски: Филипче, Апасиев и Ахмети се осојузиле поради слепата желба за власт и гневот и омразата којашто ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ

    06.10.2025 во 18:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Долнени, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше дека на овие избори има две коалиции, едната на непринципиелни основи СДС-ДУИ- Левица и од другата страна ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои се борат за подобра иднина на граѓаните, трета опција нема.

    „На овие избори имаме две опции, две понуди едната понуда е коалицијата којашто е создадена на основа на непринципиелни релации помеѓу коалиционите партнери. Врз основа на слепата желба за власт, слепата желба за привилегии но истовремено тоа што претставува главна точка на поврзување помеѓу овие политички во таа некаде формална а некаде неформална коалиција е гневот и омразата којшто тие го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата којашто ја сочинуваат СДСМ-ДУИ и Левица. Венко Филипче, Димче Апасиев и Али Ахмети се осојузиле поради слепата желба за власт и гневот и омразата којашто ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. И втората коалиција којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете опција коишто граѓаните ќе ги имаат пред себе на следните избори. Трета опција нема“ нагласи Мицкоски.

    Мицкоски посочи дека коалицијата на СДС-ДУИ, 7 години ја уназадуваа државата додека ВМРО-ДПМНЕ изминатите 15 месеци ги гради темелите на државата и се бори за подобра иднина на граѓаните. 

    „Првата е коалиција да се вратиме назад во времето кога се ограбуваше државата која се ограбуваше народот буквално, кога се живееше на товар на народот и државата кога истата се распродаваше се засрамуваше. И Втората коалиција којашто е ВМРО-ДПМНЕ којашто живее заедно со народот за државата за Македонија којашто живее за иднината на граѓаните и Македонија и којашто овие 15 месеци секој ден, буквално секој ден 7 дена во неделата работеше по 15 часа на ден за да може да се исправи сето она што претходно беше погрешно направено од коалицијата СДС ДУИ. 15 месеци бевме буквално посветени на зајакнување на  темелите коишто беа разурнати. Неисплатени плати, неисплатени субвенции. Целта на овие партии е само да се доберат до фотелјите и потоа да продолжат да ја уништуваат оваа наша заедничка татковина Македонија“ истакна Мицкоски.

    Мицкоски повика на 19 октомври граѓаните да гласаат за бројот 9 за поквалитетен живот, за напредок и развој на државата.

    „Ве повикувам сите да излезете на 19 октомври да го заокружете бројот 9 да гласате за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата затоа што само така може да зборуваме за иднина, за развој на општините и Македонија“ заклучи Мицкоски.

    Популарно

    Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник

    03.04.2026 во 19:30

    СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“

    03.04.2026 во 19:22

    НАСА пред нов предизвик: Белата куќа бара заштеди среде најважната вселенска мисија на деценијата

    03.04.2026 во 19:04

    Земјотрес ја стресе Македонија

    03.04.2026 во 18:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.