Мицкоски: ЕУ треба да ни каже што планира со Македонија
Граѓаните, политичките партии изминатите повеќе од три децении многу пати покажаа волја, но прашањето е дали во Брисел има волја да се реши овој проблем. Затоа што ако во Брисел има волја, тогаш има и начин. Евроинтегративниот процес е двонасочна улица“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Алсат М“.
Мицкоски рече дека треба да знае што е тоа што Европската Унија планира со државата, додавајќи дека патот до таму изобилува со вештачки предизвици со кои се начнуваше во минатото македонскиот идентитет.
„Треба да знаеме што е тоа што тие го планираат со Македонија. Ние имаме целосно изедначена надворешна политика со Европската Унија, безбедносна политика, континуирано ги следиме процесите кои што ги води ЕУ. Но, за жал изминатите две и пол децении откако официјално почна овој наш пат кон полноправно членство во Европската Унија изобилува со многу предизвици. А тие предизвици се вештачки, и секогаш тие предизвици се однесуваат, удираат и задираат на македонскиот идентитет сите тие, без исклучок. И многу пати македонскиот идентитет во минатото е начнат и се правени отстапки на сметка на македонскиот идентитет“, дециден е Мицкоски и додаде: „Дека е потребно да се престане со билатерализација на евроинтегративниот процес. И во таа насока јас апелирам да се престане со билатерализација на евроинтегративниот процес“, порача претседателот на Владата Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа