Мицкоски: ДУИ веќе не е фактор за да поставува услови - по изборите ги чекаат судења

ДУИ веќе не е фактор за да наметнува теми, особено не етнички теми и со тоа да ги условува претседателските избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не треба да и се дава големо значење на идејата на ДУИ за избор на Претседател во Собранието.

„Оваа изјава на Ахмети, во отсуство на други идеи, во услови кога се фатени во огромен криминал ,се обидуваат со лесен дефокус да градат тема и потоа таа тема да ја пренесат во кампањата и тоа да биде тема во кампањата. Како што беше тема премиер Албанец, сега да биде претседател Албанец. Јас мислам дека треба да се игнорира ова, бидејќи не се фактор за да наметнат таква тема и  мислам дека не треба да се фаќаме за јадицата која доаѓа од политичка опција која набрзо од денеска ќе биде во минатото и ќе одговара за се што го правеа. “ – изјави Христијан Мицкоски денеска при посетата на Гази Баба.

26.02.2024 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега