Close Menu
    Најново

    Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

    05.12.2025 во 12:27

    ЈСП со важно соопштение до граѓаните

    05.12.2025 во 12:12

    Намалување на цените: РКЕ одлучи да ги намали надоместоците за Електродистрибуција, МЕПСО и МЕМО

    05.12.2025 во 12:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија
    • ЈСП со важно соопштение до граѓаните
    • Намалување на цените: РКЕ одлучи да ги намали надоместоците за Електродистрибуција, МЕПСО и МЕМО
    • СДСМ отвора ново поглавје: Државата ќе се брани од криминалот на ВМРО-ДПМНЕ
    • Филипче: Ако Италија се справи со Коза Ностра, Македонија ќе се справи со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ
    • Герасимовски: Работнички добива модерна ФИБА сала,  паркетот се поставува, се монтираат семафорите
    • Зголемено ниво на Вардар и повеќе реки во земјава
    • Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина, во недела сите масовно да излеземе на гласање

    Мицкоски: Додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина, во недела сите масовно да излеземе на гласање

    31.10.2025 во 17:25
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во поривот изборен круг коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, благодарение на поддршката на граѓаните, постигна историски резултат. За прв пат во независна демократска Македонија коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на советничките листи победи во 58 општини плус главниот град, тоа се вкупно 59 општини. Имаме веќе избрани 33 градоначалници, во вториот круг имаме дополнителни 26 кандидати за градоначалници, а противкандидати на нашите кандидати во две општини веќе се откажаа, со што трката во вториот круг веќе е извесна и таму. А од останатите 24 очекувам во сите 24 општина да победат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и да бидат градоначалници во своите општини, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Македонска Каменица во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.

    Додаде дека очекува, со победата на Орце Ѓорѓиевски во Град Скопје, да се заокружи бројката од 60 градоначалници, што е исто така историски резултат што никогаш не е направен во Македонија.

    Мицкоски ги повика граѓаните на Македонска Каменица, но и на цела Македонија, да излезат да гласаат и на вториот круг во недела и тоа уште помасовно, затоа што со останувањето дома се дозволува некој друг да одлучува за иднината.

    „Би сакал да се заблагодарам на сите граѓани коишто излегоа и гласаа во првиот круг и да ја искористам оваа прилика да ги повикам да излезат и да гласаат во вториот круг. Гледаме дека има наши граѓани коишто, можеби, со години не дошле во Македонија, но доаѓаат од земјите во западна Европа за да гласаат во општини како што се Брвеница и Кичево и така натаму. А, гледаме дека одредени наши сограѓани остануваат дома мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков револт, пркос или ќе испратат некаква порака, која во суштина нема да биде препознаена, бидејќи кога останувате дома дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина. Затоа мојата порака и мојата замолница до оние коишто сè уште се двоумат дали да излезат во овој втор изборен круг, е да излезат масовно и, нормално, да го заокружат бројот 9 за Димче, за идниот градоначалник на Македонска Каменица“, повика Мицкоски.

    Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се бори подеднакво за секоја општина и за секоја педа од македонската територија, што се покажа и во измината година и половина власт.

    „Ние се бориме за секоја општина, се бориме за секој човек, се бориме за секој метар квадратен македонска територија, тоа го покажавме како Влада изминатите 16 месеци, така ќе биде и во овој втор круг. Затоа, кога велам дека очекувам сите 26 кандидати кои се во вториот круг сите да победат и да им се приклучат на оние 33, тоа и го мислам и ние како ВМРО-ДПМНЕ, како коалиција правиме се што можеме тоа да се случи и јас сум убеден дека во недела заеднички ќе испишеме уште една историја, којашто до сега не се случила во Македонија“, потенцираше Мицкоски.

    Популарно

    Уапсена АИ министерката Диела – ја фатиле како прима мито

    04.12.2025 во 19:59

    (ВИДЕО) Авион полн со патници се запали – Драма на аеродромската писта, луѓе врескаат во паника

    05.12.2025 во 10:32

    Пукање во регионот: Убиена бремена жена, нејзината сестра се бори за живот

    05.12.2025 во 10:38

    Јаневска: Учениците подолго време ќе остануваат во училиште

    04.12.2025 во 15:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.