Close Menu
    Најново

    Алиу: Работиме на унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството

    27.10.2025 во 17:47

    Експертите предупредуваат: На Македонија ќе и требаат 57 години да постигне родова еднаквост

    27.10.2025 во 17:32

    НАИ Гостивар се жали по одлуката на ДИК: Ни ги одбивте приговорите – неправедни сте

    27.10.2025 во 17:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Алиу: Работиме на унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството
    • Експертите предупредуваат: На Македонија ќе и требаат 57 години да постигне родова еднаквост
    • НАИ Гостивар се жали по одлуката на ДИК: Ни ги одбивте приговорите – неправедни сте
    • Министерката Диела создадена со ВИ е бремена – очекува 83 деца
    • Македонец екстрадиран од Албанија во Австрија – ќе лежи пет години затвор
    • Герасимовски нареди итна дератизација и дезинфекција во сите згради
    • Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески
    • Скандал: Двајца полицајци од Кичево осомничени за грабежот на златарницата во Гостивар
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн

    Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн

    02.10.2025 во 11:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Чест ми е што денес сме заедно со Западнобалканскиот дигитален самит 2025 – место каде не зборуваме само за технологии, туку за тоа како дигитализацијата ја менува иднината на нашите граѓани, бизниси и држави, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

    Денес живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок. Западен Балкан не смее да биде заостанат агол на Европа. Нашата иднина е поврзаност, иновации и знаење, рече Мицкоски.    

    „Овој Самит е симбол на токму тоа – регионот покажува дека знае да работи заедно, дека може да создава заеднички дигитален пазар и дека може да биде дел од Европската дигитална декада. Денес зборуваме за една тема што не е само технолошка промена, туку суштинска револуција која ја обликува иднината на сите нас – дигитализацијата. „Светот се менува со технологијата побрзо отколку што се менуваме ние самите,“ рече еден современ мислител. Затоа нашата задача е не да го следиме тој напредок, туку да бидеме негови лидери“, посочи Мицкоски. 

    Мицкоски нагласи дека долго време нашето општество беше заробено во бирократија – редици пред шалтери, печати и документи кои патуваат од канцеларија во канцеларија.

    „Сите ние сме сведоци како луѓето губат часови, па дури и денови, за услуги кои треба да траат во суштина само неколку минути. Тоа мора да биде минато. „Бирократијата е механизмот што ја претвора енергијата во отпор,“ предупредуваше Честерфилд. 

    Дигитализацијата е нашиот начин да ја победиме таа инертност и да ја претвориме земјата во вистински сервис на граѓаните. Со дигитализацијата ја рушиме нееднаквоста меѓу оние кои имаат пристап и оние кои се оставени на маргините. Кога секој граѓанин ќе може со еден клик да добие документ, тоа е вистинска демократија. Кога секој земјоделец може брзо да добие субвенција, тоа е правда. Кога секоја компанија може дигитално да аплицира за проект, тоа е развој“, рече Мицкоски. 

    „Информацијата е новата нафта на 21 век,“ велеше Клаус Шваб, основач на Светскиот економски форум. Но, додека нафтата ги создаваше монополите, информацијата може да создаде еднаквост – доколку, се разбира, ја користиме правилно. Дигитализацијата е економска моќ. Таа отвора пазари, носи нови инвестиции и ја зголемува конкурентноста. Со дигитализацијата нашите мали компании добиваат можност да излезат на глобалната сцена. „Во иднината ќе има само два вида на компании – дигитални и оние што повеќе не постојат,“ предупреди еден визионер од Силиконската долина. 

    Затоа нашата цел е јасна: да станеме центар на дигитални иновации во регионот, земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти. Но, да не заборавиме – дигитализацијата не е за машините, таа е за луѓето. Таа е за мајката која сака побрзо да го запише своето дете во градинка, за пензионерот кој сака лесно да ја добие својата пензија, за студентот кој сака пристап до знаење и книги онлајн, за секој граѓанин кој сака да ја чувствува државата како пријател, а не како противник. „Технологијата треба да служи на човекот, а не обратно,“ Тоа е наша цел“, вели Мицкоски. 

    Мицкоски истакна дека нивната визија е држава која ќе биде целосно дигитална, транспарентна и ефикасна.

    „До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има свој дигитален идентитет и пристап до сите институции преку мобилен телефон. Ќе создадеме генерации со дигитални вештини – ученици кои ќе бидат конкурентни со своите врсници во Европа. Ќе градиме систем на сајбер-безбедност што ќе гарантира доверба во дигиталното општество. 

    Со гордост ја претставивме апликацијата М-Услуги – тука министерот за дигитална трансформација, заедно со неговиот тим жестоко и напорно работеше, затоа моја благодарност до Стефан Андоновски, Министерството и тимот од Министерството за развој на оваа апликација. Таа е симбол на новата ера: сите документи во еден дигитален паричник, безбедна размена на податоци, потсетник за рокови и обврски, целосна транспарентност и доверба. Ова е почеток на една дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен. Дигитализацијата е нашиот мост кон Европа. Таа е нашиот штит против корупцијата. Таа е нашата шанса да изградиме поефикасна држава и поправедно општество. „Иднината им припаѓа на оние што се подготвуваат за неа денес“. Да бидеме тие што ќе ја изградат иднината. Да бидеме генерацијата што ќе го претвори регионот во дигитален двигател. Со дигитализацијата стануваме земја којашто ќе биде конкурентна со останатите земји во Европа и со регионот, којшто заедно ќе чекориме напред. 

    Кога надвор од земјата го подготвував докторатот пред едно 20 години и повеќе и кога го подготвував експерименталниот дел од докторатот, тогаш за прв пат почнавме да применуваме алгоритми од вештачка интелигенција. Тогаш имаше три невронски мрежи, генетски алгоритми и фази логика. Јас одбрав да ја користам фази логиката како алгоритам, за да управувам манипулациони роботи во технолошки процес. И во тоа време тоа претставуваше озбилен, сериозен предизвик за мене како млад стипендиста којшто ја напушти Македонија и гладен за знаење отишол надвор од државата. Кога се вратив желба ми беше тоа знаење да го пренесам на студентите. А денеска како претседател на Владата, желба ми е како држава и како влада да бидеме најдобри во регионот, и јас сум убеден дека до крајот на овој мандат тоа и ќе го направиме“, вели Мицкоски.      

    Популарно

    Арсовска му се закани на Премиерот по апсењето на директорот на Комуналец: Мицко, ќе бегаш од Македонија за некоја година

    27.10.2025 во 15:20

    Мицкоски за Рамадани: Прво ќе ги изгуби изборите а после ќе биде сменет

    27.10.2025 во 09:16

    Ново апсење: Падна уште еден од Комунална хигиена

    27.10.2025 во 14:24

    Вучиќ го соопшти она што сите го чекаа

    27.10.2025 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.