Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски до ДУИ: Убедливо ќе ве поразиме

    Мицкоски до ДУИ: Убедливо ќе ве поразиме

    20.09.2025 во 14:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Се зборува за предвремени избори. Анкетите покажуваат дека ако тие се одржат, ВМРО-ДПМНЕ би имало сигурно над 62-63 пратеника, стабилно мнозинство со силна реформска агенда. Но, да не се лажеме, предвремени избори значат и изгубено драгоцено време. ДУИ ја експлоатира темата за да собира клиентелистички гласови, лежејќи ги своите гласачи дека ќе правеле коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Им порачувам, кај мене како претседател на Владата, а пред се како човек се важни принципите, а не комбинациите. Не интриги, не политикантство. Престанете да го лажете сопственото гласачко тело. Тоа е нечесно и некоректно кон луѓето кои со години ги манипулирате. Како владејачка коалиција убедливо ќе ве поразиме.

    Ова денеска на Демократската унија за интеграција и го порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Од партискиот промотивен настан за скопски градоначалник, Мицкоски оцени дека ДУИ очигледно не сака реформи.

    -Очигледно е дека не сакате реформи. Останувате во истата матрица со СДСМ и тоа е трагедија за државата. Глумите партија која се бори за Албанците, a во две децении власт не понудивте ниту еден сериозен проект за албанската заедница. Официјалните податоци покажуваат колку стотици Албанци се иселија токму во вашиот период. На мајките кои си ги испратија децата во странство кажете им што добија од вашето владеење, истакна Мицкоски.

    Според него, ДУИ и СДСМ не само што ја уништија институционалната стабилност и ја доведоа државата на раб на банкрот, туку и создадоа апатија и разочарување.

    -Додека граѓаните осиромашуваа, вие се богатевте бесрамно на нивниот грб. Вашите повици за КАМ бек преку предвремени избори се само доказ за очи, потенцира Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.