Мицкоски: Денешните бројки се национална катастрофа за која одговорна е Владата

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека денешните бројки се национална катастрофа за која одговорна е Владата.

-445 новозаразени лица и дури 9 починати. Национална катастрофа за која е одговорна Владата. Нема изговори. Имаа 8 месеци да се подготват за новиот бран, бараа избори за да ја зголемеле ефикасноста, објаснуваше Заев за “танцот” и “чеканот”, и еве ги резултатите, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски после денешниот рекорден број на новозаразени со корона вирус. Уште колку семејства ќе се зацрнат за да се сетат за оставки и промена на политиките!?, прашува преку својата Фејсбук објава Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2020 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега