Мицкоски: Дали живеете подобро, дали ова што се случува е нормално

Дали живеете подобро? Дали ова што се случува е нормално? Гледаме апатија и хаос. Луѓето се разочарани. Поделбите мора да запрат. Народот да се обедини, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Посочува дека иднината е во промените кои доаѓаат, а истите, им порача на граѓаните, ќе ги донесат тие.

-Промени кои создаваат проекти, проекти кои создаваат победи, победи кои носат нова иднина. Подобра, посветла и посреќна. Со ваш печат! Заслужена! Имаме програма и гарантираме дека ќе ја исполниме! Поучени од грешките, со искоренети слабости, свесни за одговорноста која ја преземаме. Излези и избори се! Создади нова иднина, вели Мицкоски.

Од денеска започна изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври и ќе трае до 15 октомври на полноќ. 

 

27.09.2021 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега