Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Бугарија нема да го смени ставот без силна реакција од ЕУ

    11.04.2026 во 12:21

    Акција на МВР: Полицијата му влезе дома – му најде дрога и дрва без документација

    11.04.2026 во 12:03

    Иран со нов ултиматум: Договор е можен само со Америка, без вклученост на Израел

    11.04.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Бугарија нема да го смени ставот без силна реакција од ЕУ
    • Акција на МВР: Полицијата му влезе дома – му најде дрога и дрва без документација
    • Иран со нов ултиматум: Договор е можен само со Америка, без вклученост на Израел
    • Унгарците за првпат по 16 години можат да направат промена на власта: Генерациската поделба ќе пресуди на овие избори?
    • СДСМ: Владата ги остави граѓаните без мерки и пред Велигден
    • Сите очи од светот вперени во Пакистан: Започнуваат преговорите меѓу САД и Иран
    • Европската комисија: Над 27.000 лица „вратени“ од граница со новиот EES систем
    • Струмица станува „Безбеден град“: Паметни камери и дигитална контрола на улиците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Бугарија нема да го смени ставот без силна реакција од ЕУ

    Мицкоски: Бугарија нема да го смени ставот без силна реакција од ЕУ

    11.04.2026 во 12:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски смета дека одлуката на Комитетот за човекови права при Обединетите нации, со која се утврдува дека Бугарија ја прекршила слободата на здружување, тешко дека ќе има суштинско влијание врз официјална Софија без посилен меѓународен притисок.

    „Јас не очекувам дека ќе има ефект врз политиката кај нашиот источен сосед, освен ако не се вклучи силна, робусна акција од Брисел“, изјави Мицкоски.

    Тој посочи дека, според него, Македонија во изминатиот период добива сè повеќе меѓународна потврда за своите позиции, но оти тоа не значи автоматска промена на ставовите на Бугарија.

    Премиерот упати и критики кон, како што ги нарече, политики на „меко ткиво“ во минатото кои ги воделе СДСМ, оценувајќи дека тие придонеле за, како што рече, отстапки во однос на македонскиот идентитет.

    „Секој што верува дека со промена на Уставот или со отстапки ќе се решат проблемите – се лаже. Тоа е или неразбирање на политиката или свесно оттурнување на националните интереси“, истакна Мицкоски.

    Според него, без јасен и координиран став од Европската унија, не може да се очекува промена во односите, иако ваквите одлуки, како што рече, ја зајакнуваат позицијата на земјава на меѓународната сцена.

    Популарно

    Мицкоски: Бугарија нема да го смени ставот без силна реакција од ЕУ

    11.04.2026 во 12:21

    Акција на МВР: Полицијата му влезе дома – му најде дрога и дрва без документација

    11.04.2026 во 12:03

    Иран со нов ултиматум: Договор е можен само со Америка, без вклученост на Израел

    11.04.2026 во 11:56

    Унгарците за првпат по 16 години можат да направат промена на власта: Генерациската поделба ќе пресуди на овие избори?

    11.04.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.