Close Menu
Press24
    Најново

    Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

    23.03.2026 во 18:48

    Алиу: Со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести

    23.03.2026 во 18:16

    Индиски танкери поминаа низ „жешкиот“ Ормуски Теснец

    23.03.2026 во 17:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно
    • Алиу: Со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести
    • Индиски танкери поминаа низ „жешкиот“ Ормуски Теснец
    • Иран ги заострува одбранбените механизми: Нови директиви од врховниот лидер
    • Дипломатски пресврт: Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови
    • Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% на 10% – задолжително усогласување на фискалните системи
    • Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес
    • Фудбалски тренер од Куманово претепан среде натпревар – го нападнале татко и син
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри, напролет ќе има промени во Владата

    Мицкоски: Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри, напролет ќе има промени во Владата

    01.12.2025 во 20:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ потврди дека Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри и најави дека набрзо, односно напролет ќе има промени како во Владата, така и во државните институции.
    „Мојот предлог денеска е доставен до Собранието, а тоа се Мухамед Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали кој ќе биде министер за европски прашања и потпретседател на Владата“, изјави премиерот Мицкоски.

    Во однос на Министерството за здравство, премиерот Мицкоски посочи дека во моментов нема да има промени иако секогаш има простор за напредок и секој треба да добие шанса, но тој цени дека до овој момент Азир Алиу пристојно си ја врши својата работа.Премиерот Мицкоски додаде дека после партискиот конгрес и сите преструктурирања ќе има промени и во Владата и државните институции за формирање на тим кој ќе го носи товарот до следните избори.

    „После конгресот после сите преструктурирања во рамките на партијата напролет очекувам некаде да имаме и освежување во рамките на Владата, прегрупирања, догрупирања, доекипирања, проширувања и во рамките на државните институции, така што ова е тој грантограм кој во следниот период како претседател на Влада и доколку ја добијам довербата на делегатите, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ не очекува. Формирање на овој тим кој потоа треба да го понесе и изнесе товарот до следните парламентарни избори“, потенцираше премиерот Мицкоски.
    Популарно

    Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

    23.03.2026 во 18:48

    Алиу: Со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести

    23.03.2026 во 18:16

    Индиски танкери поминаа низ „жешкиот“ Ормуски Теснец

    23.03.2026 во 17:58

    Иран ги заострува одбранбените механизми: Нови директиви од врховниот лидер

    23.03.2026 во 17:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.