Мицкоски: Ако СДСМ и Заев прифатат дека Гоце Делчев е Бугарин, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ таа одлука ќе ја поништи

Доколку навистина биде прифатено од страна на СДСМ и Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла на зборот е Македонец, а како националност, односно нација е припадник на Бугарската нација, тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава, дополнително понижување, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во видео обраќање до јавноста.

„Ова ќе биде апсолутно на негова одговорност, владина одлука која следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, доколку ја предводам јас, веднаш таа одлука ќе ја поништи и нема никогаш понатаму да ја почитува истата“, кажа Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега